Izum 94 - ovlasten servis za IVECO


Go to content

Сервис


За ефикасна и брза поправка на возилата се користат специјални алати и придружни елементи кои овозможуваат едноставна промена на резервните делови како и нивна поправка односно демонтирање. Овие алати се наменети и произедени исклучиво за IVECO возила.

Специјални алати кои ги поседува сервисот се:

  • алат за сервисирање и одржување диференцијали(DAILY,TECTOR)
  • алат за сервисирање и одржување менувачи(DAILY,TECTOR,и постари типови)
  • алат за сервисирање и одржување мотори(8140.xx,F1A,F1C,TECTOR,CURSOR).

Освен специјалниот алат сервисот располага и со две наменски машини за обработка на дискови. Со обработката на дисковите и добошите се добива поголем процент на ефективна кочиона површина со што се добива вистинска сила при кочење, правилно трошење на кочионите плочки и се избегнуваат вибрации при кочење.

Кај поновите типови возила кои имаат вградено централни единици се врши програмирано одржување на возилата како и нивна дијагностика со E.A.S.Y.
Овозможува современа,
брза и прецизна идентификација и лоцирање на можните дефекти кај сите електронски единици на IVECO возилото. Добар водич кој на сервисите и операторите им овозможува брзо да ги лоцират проблемите и со тоа ефикасно да се одстранат. Оваа програма (систем) IVECO ја развива паралелно со развојот на самите возила.Системот натечен E.A.S.Y. (Electronic Advanced System) - напреден електронски систем, користи посебен компјутер и модул за комуникација (ECI).





Back to content | Back to main menu