Main menu:
IVECO-вите резервни делови од ремонтната група се со гарантиран квалитет кој идентично одговара на квалитетот на деловите што се вградени во процесот на производство на IVECO моторите.
IVECO гарантира за нивната 100% - на идентичност и квалитет. Во процесот на нивната експлоатација се карактеризираат со висока економичност.
Рентабилноста на возилата во голема мера зависи од квалитетот на резервните делови што се вградуваат при тековното одржување како и од техничкото познавање и опременост на обучените сервисери при овластените IVECO сервиси.
Постојаното користење на оригинални резервни делови овозможува долг век на експлоатација и сигурен транспорт,а со самото тоа се намалуваат трошоците за одржување на самото возило.
При изборот на резервни делови секогаш е важен односот цена/квалитет.
За детектирање на оригинални резервни делови по модел и тип на возило се користи POWER програмот кој со голема точност ги селектира деловите за вашето возило.Со само неколку кликнувања низ POWER компјутерскиот каталог стигнуваме до бараните резервни делови и нивната местоположба на самото возило.